[ВИДЕО] Прва потврдена мртва птица со западнонилска треска во Скопје, регистрирани и први случаи во Центар и Чаир

Макфакс

21/08/2026

12:07

454

Големина на фонт

а а а

Министерот за здравство, Сашо Клековски, потврди прва мртва птица со западнонилска треска во Скопје и првите случаи во Центар и Чаир, при што бројот на заболени достигна 43.

Министерот за здравство, Сашо Клековски, соопшти дека Агенцијата за храна и ветеринарство ја потврди првата мртва птица со западнонилска треска во Скопје, а регистрирани се и први случаи на западнонилска треска во Центар и Чаир.

Бројот на заболени е 43.

„Имаме 43 случаи на западнонилска треска, имаме 40 потврдени, од кои три се потврдени со еден тест. Тоа што е различно од претходната состојба има први случаи во Центар и Чаир. Започна и контрола на птиците и имаме прва лоцирана мртва птица со западнонилска треска, станува збор за гавран во Скопје“, рече Клековски.

Тој се заблагодари на граѓаните бидејќи имало голем број на дојави за мртви птици.

„Мртвите птици се собираат од АХВ и тоа помага да се прави натамошното лоцирање на ризикот од западнонилска треска“, рече Клековски.