Јокиќ со посебен комплимент за Вембањама: Има можност да биде…

Дерби

21/08/2026

10:50

152

Големина на фонт

а а а

Никола Јокиќ и Виктор Вембањама се големи ривали во НБА лигата, но и двајцата имаат големо почитување еден за друг.

Вчера, кошаркарките гиганти и по димензии и по квалитет, се соочија на пријателскиот натпревар меѓу Србија и Франција, на кој поуспешни беа Јокиќ и неговите соиграчи.

По средбата, српскиот центар испратил сериозен комплимент за Вемби, а неговата изјава има посебно значење со оглед на доминацијата која ја има во НБА лигата.

– Дуелот со Вембањама не го гледам како посебно ривалство, бидејќи јас играм исто на секој натпревар.

– Сепак, тој има можност да стане најуникатниот кошаркар кого сме го виделе во историјата на овој спорт.

– Сега зависи само од него како ќе се снајде, колку напорно ќе работи и како ќе се грижи за своето тело. Дефинитивно има предиспозиции да стане најдобар во историјата, – рекол секогаш скромниот Јокиќ.