Јувентус го одигра најдобриот меч во оваа сезона и забележа убедлива победа над НЕК Најменген од 5-0 во рамките на првото коло во Лига Европа.
Пет различни играчи ги постигнаа погодоците за калчолигашот, а еден од нив беше Николас Иван Гонзалес, играчот кој беше на излезна врата од Торино, играч кој минатата сезона беше на позајмица во Атлетико Мадрид, но сега добива шанса од тренерот Лучано Спалети и истата ја користи на најдобар начин.
- Ни беше потребна оваа победа, требаше да играме добар фудбал. Трениравме напорно, одигравме одлично и на крајот ги освоивме овие три бода.
- Денес се чувствувам добро во овој тим, благодарение и на довербата на тренерот во мене. Го покажувам тоа на теренот, каде што уживам. Се надевам дека ќе продолжам вака, - истакна Аргентинецот.








