Мбапе посочи кои три легенди би ги вратил во Реал Мадрид: Тоа се луѓе кои будат возбуда кај мадридистите

Дерби

18/09/2026

11:08

220

Големина на фонт

а а а

Килијан Мбапе е поставен како главна ѕвезда во проектот кој го започна Жозе Мурињо и тој се издвојува како клучен во оваа рана фаза од сезоната, период во кој Реал Мадрид се уште се адаптира на новите методи кои ги постави искусниот португалски стручњак.

Французинот остана ударна игла во нападот на Реал Мадрид и многу работи зависат од него, а како ѕвезда која е задоволна од квалитетот на играчи кои го опкружуваат, сега доби едно интересно прашање во интервјуто за угледниот „АС“.

Извонредниот напаѓач доби за задача да избере едно име кое би било големо засилување за Реал Мадрид, но наместо да бира од актуелните големи фудбалски ѕвезди, тој се наврати на минатото.

Мбапе порача дека би вратил играчи кои испишаа историја во Реал Мадрид, односно легенди кои и ден денеска будат возбуда меѓу мадридистите.

– Ако бидам искрен, би ги вратил Кристијано, Зидан и Роналдо Назарио. Квалитетот никогаш не исчезнува, па затоа би ги бирал нив тројца. Тоа се луѓе кои и ден денеска будат возбуда меѓу мадридистите, – порача Мбапе.