Кин во свој препознатлив брутален стил: Јунајтед ќе мора да го проголта горчливиот залак!

Дерби

18/09/2026

11:09

182

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед се најде во ситуација да го загуби својот најголем талент во академијата на клубот, откако 15-годишниот Џеј Џеј Габриел официјално достави допис дека сака раскин на договорот и преселба во друг клуб.

Во недостиг на реални шанси за настап во првиот тим, младиот Габриел останал крајно разочаран откако не бил повикан за Куп пресметката со Брајтон, па откако драматично се пренесе информацијата дека тој побарал трансфер, сега на големо се шпекулира дека Реал Мадрид е фаворит број еден за неговиот потпис.

15-годишниот тинејџер има важечки договор со Јунајтед до крајот на сезоната и самостојно може да решава со кој клуб ќе преговара, а веројатноста дека ќе го следи примерот на Џуд Белингам добива се повеќе на значење во англиската јавност.

Угледните медиуми од Островот велат дека Реал е фаворит број еден во овој момент, по што легендарниот Рој Кин заклучи дека Јунајтед сега на своја кожа ќе ја почувствува медицината која тој често знае да ја прави со помали клубови од Англија.

– Не гледам ништо спорно во активирањето на моќни и силни клубови од Европа. Зарем Јунајтед не ангажираше млади таленти од други помали клубови?

– Епа сега мора да ја вкуси својата медицина и во негативен случај, без разлика дали станува збор за Реал Мадрид, или некој друг клуб. Сигурен сум дека Манчестер Јунајтед купуваше многу млади играчи од поскромни клубови изминатите 20 години. Сега тие ќе го почувствуваат тоа со Џеј Џеј Габриел и ќе мора да го проголта овој горчлив залак, – порача Кин во свој стил.