Јувентус сериозно заинтересиран за две прецртани имиња од ростерот на Милан

Дерби

18/08/2026

11:31

139

Големина на фонт

а а а

Јувентус денеска веројатно ќе го промовира голманот Гилјелмо Викарио како ново, шесто засилување во актуелниот преоден рок, но активностите на новиот менаџмент не се завршени.

„Бјанконерите“ треба да реализираат неколку излезни трансфери за да го задржат финансискиот баланс, но и да го намалат бројот на членови на првиот тим пред почетокот на сезоната, а Рики Масара и Џовани Карневали работат и на дополнителни засилувања кои може да бидат потврдени наредните денови.

Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус сериозно се заинтересирал за двајца играчи на Милан, кои се веќе прецртани од Рубен Аморим и немаат иднина на „Сан Сиро“.

Се работи за дефанзивецот Фикајо Томори и играчот за врска Јусуф Фофана, кои секој на свој начин претставуваат интересна опција за торинскиот клуб.

Томори може да биде добра поддршка за одбраната, а добро го познава Масара, кој беше и човекот кој го доведе во Италија во моментите кога извршуваше директорска функција во Милан.

Фофана пак е замислен како „план б“ откако преговорите со Франк Кеси заглавија поради високата плата која ја бара репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска. Доколку нема напредок, Јувентус може да се одлучи за Фофана, кој секако е многу финансиски поповолна опција.