Мурињо со модринка под окото: Почнаа разни теории, а ова е вистината

Точка

17/08/2026

15:31

493

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо на подготвителниот натпревар против Шалке се појави со модринка на лицето, веднаш под окото, што веднаш го привлече вниманието на медиумите.

Модринката под десното око на Жозе Мурињо предизвика големо внимание кај новинарите на натпреварот меѓу Реал Мадрид и Шалке. На последниот меч пред почетокот на сезоната, мадридскиот тим славеше со 3:0, а модринката на лицето на Мурињо беше повод за појава на различни теории.


Сепак, според пишувањето на мадридскиот „AS“, португалскиот стручњак повредата ја заработил на тренинг, кога топка го погодила директно во лицето и му ги скршила очилата, по што му се појавил хематом. Од клубот уверуваат дека ситуацијата не е сериозна и дека е потребно само време за целосно закрепнување.


Победата на Реал Мадрид против тимот од Гелзенкирхен ја донесоа Килијан Мбапе, Дин Хојсен и Карлос Еспи, а своите први минути во дресот на „кралевите“ ги запишаа новите засилувања Јан Диоманде, Марк Кукуреља и Ибрахима Конате.


Тренерот на мадриѓаните по натпреварот истакна дека е задоволен од последната проверка пред почетокот на новата сезона.


„Тактички, идеите полека се усвојуваат. Играчите имаат врвен квалитет, неверојатен квалитет. Работиме многу добро како тим, и со и без топка“, истакна Жозе Мурињо.