Њукасл се засили со играч кој соработуваше со менаџерот Јајсле во Салцбург

Дерби

18/08/2026

12:20

96

Големина на фонт

а а а

Новиот менаџер на Њукасл, Матијас Јајсле се обидува со одредени засилувања да ги покрие најдефицитарните позиции во екипата која ова лето трпи сериозна реконструкција.

Излезните трансфери значеа разделба со најголемите ѕвезди, па „црно-белите“ мора да инвестираат соодветно за да избегнат нова разочарувачка сезона во Премиер лигата.

Амар Дедиќ е новото име кое пристигна во англискиот клуб и потпишал за Њукасл откако ги поминал прегледите, па ќе биде важно освежување на позицијата десен бек.

Дедиќ ја напушти Бенфика по само една сезона, а португалскиот клуб ќе заработи околу 35 милиони евра за репрезентативецот на БиХ.

24-годишниот фудбалер е роден во Австрија, таму ја започна и фудбалската кариера, а Јајсле го познава добро од соработката во РБ Салцбург, каде во 2023 заедно ја освоија шампионската титула.