[ВИДЕО] Потег кој го освои регионот: Хрватска и српска атлетичарка во искрена прегратка по успехот на ЕП

Дерби

18/08/2026

07:31

1.208

Големина на фонт

а а а

Политичките тензии во екс-ју регионот одамна прават раздор меѓу жителите на екс-ју републиките, но еден момент од последното ЕП во атлетика покажува дека спортот отсекогаш ги надминувал сите непотребни граници.

Во Бирмингем дури две атлетичарки од регионот се најдоа на победничкиот подиум во дисциплината фрлање копје, а најуспешна беше хрватската атлетичарка Сара Колак.

30-годишната Колак имаше фрлање од 62,43 метри за кое ривалките немаа одговор, но Србинката Адријана Вилагош не криеше дека е презадоволна од бронзениот медал, кој го освои со само 22 години.

Она што стана топ тема и вирална сцена од ова натпреварување е искрената прегратка и честиките меѓу Колак и Вилагош по крајот на финалето.