Микел Артета и Арсенал долго чекаа и педантно го градеа тимот кој минатата сезона конечно ја донесе титулата во Премиер лигата, а актуелниот преоден рок покажа дека „топчиите“ се движат во правилна насока и со право се најавени како први фаворити и во новата сезона.
Големите, но и правилни инвестиции донесоа квалитет на секоја позиција, но и соодветна поддршка од клупата, нешто што Пеп Гвардиола умешно го правеше со финансиската поддршка на газдите на Манчестер Сити.
Во англиската јавност постојано се зборува за ситуацијата кај елитните премиерлигаши, а еден од редовните учесници во дебатите на „Толк спорт“ потенцирал дека дури и резервите на Артета можат да се борат за Топ 4 пласман.
Клупата на „топчиите“ тежи најмалку 400 милиони евра, а ако се види составот, тогаш и целата хипотеза не звучи толку нереално.
На голот би бил Кепа, во одбраната Вајт, Москера, Инкапи и Луис-Скили, во средниот ред Зубименди, Мерино и Езе, додека напаѓачкото три потенцијално би било составено од Мартинели, Мадуеке и Хаверц.
На тоа треба да се додаде дека во комбинација за настап би бил и големиот талент Макс Даумен, кој се смета за идна голема ѕвезда на Арсенал.








