Се појави видео од непријатниот момент: Мусиала колабираше од топлотен удар, Саибари реагираше најадекватно

Дерби

17/08/2026

07:54

404

Големина на фонт

а а а

Џамал Мусиала ќе мора да се опоравува неколку дена пред да добие зелено светло за враќање на тренинзите, откако во саботата младиот играч за врска режираше навистина непријатна сценеа на „Алијанц Арена“.

Непосредно откако постигна гол за 3:1 против РБ Лапциг, Мусиала доживеа голем шок и падна на земја како последица на топлотен удар, а иако во телевизискиот терен не беа прикажани детали од немилиот настан, сега едно видео од трибините открива кој играч изреагирал најприбрано и најадекватно.

„Десетката“ на Баерн давала сигнали дека ќе губи свест пред да падне на теренот, а Саибари прв го забележал тоа и на видеото се гледа како големото летно засилување на Баварците реагира убедливо најприбрано.

Напаѓачот не дозволи Мусиала да падне на тревникот без свест и му помогна да се приземји, па неговата реакција беше јасен сигнал за лекарите дека треба да втрчаат на теренот.

Позитивна вест од целата непријатна ситуација е тоа што Мусиала на свои нозе го напушти теренот, а по направените детални лекарски прегледи било утврдено дека се работело само за топлотен удар, а не за срцев, или било каков друг респираторен проблем.