[ВИДЕО] Супер-паметна машина: Баерн го претстави роботот кој ќе го замени човечкиот фактор на „Алијанц арена“

Дерби

17/08/2026

07:35

441

Големина на фонт

а а а

Баерн Минхен беше еден од првите клубови кои изградија еден од најмодерните стадиони во светот, а како фудбалска величина која секогаш се стреми да биде во чекор со модерното време и технологијата, германскиот првак сега презентираше уште една иновација.

Баварскиот великан секогаш се грижи своите фудбалери да имаат најдобри услови и перфектна дренажа на теренот со цел топката да има брз проток, па водејќи се по оваа филозофија, во иднина ќе биде заменет човечкиот фактор и можноста за грешка при одржувањето на тревата.

Имено, Баерн Минхен како клуб го претстави автономниот робот „ТурфРобот“ за нега на тревникот на „Алијанц арена“, а видеото кое беше споделено брзо стана вирален хит.

Станува збор за супер-паметна машина која користи 3Д детекција на објекти, но која во себе има и модерна ултравиолетова Ц светлина за органска дезинфекција на тревата.

На овој начин, Баерн ќе исклучи грешка на човечки фактор при одржувањето на теренот, а ќе ја елиминира и употребата на хемиски пестидици кои се користат за спречување на болести кај тревата.