Светски шампион се врати во Атлетико со уникатен стајлинг: Ти се допаѓа ли?

Дерби

12/08/2026

12:13

246

Големина на фонт

а а а

Светските шампиони денеска се „чекираа“ во Барселона на прв собир со своите соиграчи, а истото го направи и Алекс Баена како член на Атлетико Мадрид во шпанската престолнина.

Шпанскиот репрезентативец се врати од САД со светска титула и доби продолжен одмор од Диего Симеоне, но првиот работен ден во месец август го започна на доста интересен начин.

Баена пристигна во тренинг комплексот на Атлетико со уникатен стајлинг, па со самото тоа го привлече вниманието на администраторот на клубот кој е задолжен за објави на социјалните мрежи.

– Ти се допаѓа ли аутфитот? , – запраша Баена, кој на себе носеше специјална маичка со која му се оддава признание на Антоан Гризман.

Французинот минатата сезона стави крај на својата авантура во Атлетико, но благодарение на Баена, денеска беше составен дел и од тренингот на „колчонеросите“.