Ливерпул договори голман висок два метра

Дерби

31/08/2026

13:34

67

Големина на фонт

а а а

Ливерпул се очекува да притисне во самата завршница на преодниот рок и да донесе неколку засилувања, но премиерлигашот размислува и за иднината и потврда за тоа е најновиот потег со кој е обезбеден талентиран белгиски голман.

Се работи за 18-годишниот Лука Бругхманс, член на Генк кој ќе пристигне на „Енфилд Роуд“ за 35 милиони евра. Толку чини целиот пакет за тинејџерот кој има фантастични предиспозиции и е висок два метра.

Според Фабрицио Романо тој би требало да им се приклучи на „црвените“ во 2027 година.