Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, остана мистериозен по шокантниот пораз од Аргентинецот Маријано Навоне со 3:2 во сетови (7:6, 5:7, 4:6, 6:2, 6:1) на стартот на „US Open“.
Четирикратниот шампион во Њујорк им се обрати на новинарите и отворено зборуваше за сериозните здравствени и физички проблеми со кои се соочувал во текот на мечот.
Новак зборуваше за проблемите, а на крајот остана и загадочен со својата изјава.
„Па, не знам, што се однесува до поразот, не го преживеав, за жал. Добро, тоа е што е. Кога човек ќе ги стави работите во некоја поширока перспектива, има многу, многу нешта за кои треба да биде благодарен. Тоа е тоа. Тоа е она што сега се обидувам да си го кажам себеси и на што треба да се фокусирам. Ако почнам да зборувам за сè останато, нема добро да заврши“, заклучи Ѓоковиќ.

На Новак никогаш претходно не му се случило ова
Српскиот тенисер првиот настап на „US Open“ го забележа уште во 2005 година, кога стигна до третото коло.
Истиот резултат го оствари и една година подоцна, а своето прво финале во Њујорк го одигра веќе во 2007 година.
На „US Open“ освои четири титули (2011, 2015, 2018 и 2023), додека во 2017 и 2022 година не настапи во Њујорк.

Досега на „US Open“ имаше скор од 19-0 во првото коло, но 2026 година не е среќна за него, барем кога станува збор за последниот гренд слем во сезоната.
Ѓоковиќ на стартот на „US Open“ беше поразен од Маријано Навоне со 3:2 во сетови и со тоа, барем засега, згасна надежта дека ќе стигне до својот 25. гренд слем трофеј.
Ова е само третпат во кариерата Новак да биде поразен во првото коло на некој гренд слем турнир. Претходните два случаи беа на „Australian Open“, но во далечните 2005 и 2006 година.












