Ремек-дело од Шведска: Вукојевиќ го шокираше Малме со гол од 70 метри

Дерби

10/08/2026

11:14

211

Големина на фонт

а а а

Додека во најсилните лиги во Европа се чека стартот на новата натпреварувачка сезона, во Шведска натпреварувањето е веќе на средина на сезона и екипите се во полн натпреварувачки ритам.

Изминатиот викенд се комплетираше 15-то коло во најсилната натпреварувачка лига во Шведска, па иако станува збор за натпреварување кое не е така атрактивно, играчот Дијан Вукојевиќ се погрижи еден момент да биде посебно споделуван.

Играчот на Дагерфорс постигна неверојатен гол против Малме од 70 метри и успеа да го лобува противничкиот голман, а тоа всушност било само најава за незаборавното попладне за Вукојевиќ.

Фудбалерот со балкански корени во продолжение постигнал и втор гол за победа на аутсајдерот против Малме, па јасно е дека вчерашниот ден ќе го памети по ремек-делото, но и по триумфот над шведскиот великан.

Интересно е и тоа што овој блесок му помогна на Дагерфорс да стави крај на една ужасна серија, бидејќи тимот не знаеше за победа 11 меча во домашното првенство.