Плакатите за новиот филм „The Mummy“ на Ли Кронин официјално се забранети за јавно прикажување во Велика Британија, откако Одборот за стандарди во огласувањето (ASA) изрази сериозна загриженост поради нивното истакнување на места каде што би можеле да ги видат деца.
Оваа одлука доаѓа само четири месеци откако морничавиот хорор пристигна во кината на 17 април, предизвикувајќи поделени реакции кај критичарите и скромни 45 проценти позитивни оценки на порталот „Rotten Tomatoes“.
Регулаторното тело за огласување примило бројни поплаки од граѓани за промотивниот плакат, по што била донесена одлука за негово целосно отстранување од јавниот простор.
Posters for Lee Cronin’s 'THE MUMMY' have been pulled from the London Underground after a U.K. regulator ruled that the imagery created “a realistic impression of a dead child.” pic.twitter.com/xYmENzvnrf
— Brad @ Dread Central (@DreadCentral) August 5, 2026
Во официјалното соопштение на регулаторното тело се наведува дека спорниот визуелен приказ е оценет како потенцијално вознемирувачки за најмладите:
„Во секој случај, сметаме дека сликата може да предизвика вознемиреност кај малите деца и дека е несоодветна за прикажување на места каде што постои голема веројатност тие да ја видат. Затоа заклучивме дека рекламите не се соодветни за надворешно огласување и дека го прекршиле важечкиот кодекс“.
The Mummy film ad banned from London Underground
— ✖️ The Gaming Monkeys 🎮- Vérified (@GamerMonkey_) August 6, 2026
Posters for the new The Mummy film have been banned from the London Underground and other billboards after regulators said they included realistic depictions of a dead child pic.twitter.com/Qjk9zZ8MtF
Фокусот на поплаките бил насочен кон билборд поставен во близина на лондонското метро, за кој граѓаните тврдат дека содржи „реалистичен приказ на мртво дете“. Иако плакатот не бил поставен во радиус од 100 метри од училишта, ASA истакна дека еден од билбордите бил директно видлив од детска градинка.
По повод забраната се огласи и филмското студио „Warner Bros“, истакнувајќи дека целта на кампањата не била да предизвика страв или вознемиреност и дека материјалот бил изработен со „должна одговорност кон потрошувачите и општеството“.
Плакатот прикажува крупен план на женски лик што наликува на дете, со мумифицирани црти на лицето и едно целосно затворено око, придружен со слоганот: „Некои работи треба да останат закопани“.
Од компанијата „Warner Bros“ објаснуваат дека ликот на плакатот всушност претставува „жива мумија“ која им се враќа на своите родители како тинејџерка, години откако била киднапирана како девојче.
Хорор-остварувањето го потпишува режисерот Ли Кронин, а официјалниот синопсис го открива заплетот:
„Младата ќерка на еден новинар исчезнува во пустината без трага. Осум години подоцна, скршеното семејство доживува шок кога девојчето им се враќа. Меѓутоа, она што требало да биде радосно повторно обединување, набрзо се претвора во жива ноќна мора, бидејќи таа почнува да се преобразува во нешто навистина застрашувачко“.








