[ФОТО] Шарл Леклер и неговата сопруга очекуваат дете: Убавата Александра го покажа трудничкото стомаче во бикини

Точка

06/08/2026

21:12

483

Големина на фонт

а а а

Александра Леклер, сопругата на возачот на „Ferrari“ во Формула 1, Шарл Леклер, привлече внимание откако го истакна своето трудничко стомаче за време на одмор на Сардинија.

Двојката беше фотографирана на својата јахта вредна повеќе од 20 милиони долари. Таа носела бикини, а нејзиното трудничко стомаче било во преден план. Двајцата сè уште јавно не коментирале дека наскоро ќе станат родители. На социјалните мрежи следуваа бројни реакции.

„Нивното второ бебе е на пат. Првото бебе им е нивното куче“, „Прекрасно семејство“, „Им посакувам само среќа“, беа дел од коментарите.

Шарл и Александра се венчаа во февруари оваа година, а раскошната церемонија се одржа во Монако. Возачот на Формула 1 претходно зборуваше за тоа кон што се стреми во приватниот живот.


„Имам и лични амбиции, како што е создавање семејство, кои можам да ги остварам додека продолжувам да ја бркам титулата светски шампион“, изјави тој во интервју за „Le Journal de Femmes“.


На прашањето дали би сакал неговиот син да тргне по неговите стапки, тој одговори дека би сакал да се занимава со нешто друго.

„Веќе ми е тешко да го гледам помладиот брат Артур како се натпреварува. Не се осмелувам ни да замислам дека имам дете“, изјави претходно.