Фиго испрати жестока порака до Инфантино: Никој повеќе не може да ја запре лавината

Точка

05/08/2026

19:53

497

Големина на фонт

а а а

Да се каже дека легендарниот Португалец се чувствува изневерено и измамено би било премалку.

По првите снегулки стигнаа и поголемите грутки снег, а сега, се чини, кон Џани Инфантино тргна вистинска лавина.

Со жестоки критики кон првиот човек на најголемата светска фудбалска организација настапи легендарниот Луис Фиго, кој со Инфантино има долга историја.

Пред десет години Фиго во Инфантино гледаше човек што ќе стави крај на владеењето на Сеп Блатер и му даде поддршка во трката за претседателската функција. Но, многу работи се променија во изминатата деценија, а славниот Португалец, кој моментално работи како фудбалски советник во „UEFA“, преку социјалните мрежи испрати остра порака и му порача на Инфантино да поднесе оставка од функцијата. Да се каже дека Фиго се чувствува изневерено и измамено би било премалку.

„Денес им се придружувам на многумина од нашиот спорт и го повикувам Џани Инфантино да поднесе оставка од функцијата претседател на „ФИФА“. Инфантино ја обезвредни функцијата што вети дека ќе ја издигне. Лажеше, мамеше и се обидуваше да си создаде корист на штета на спортот на кој треба да му служи.


Ја загуби поддршката од своите највисоки раководители, своите најблиски советници, огромното мнозинство луѓе кои ги посветија своите животи на овој спорт, па дури и, според сè изгледа, од добитникот на наградата за мир на „ФИФА“. Предоцна е да го спаси сопственото достоинство, но не е предоцна да се спаси фудбалот. Треба да си замине. Веднаш“, напиша Фиго.