УФЦ соопшти шокантна вест за ненадејна смрт на познат борец

Дерби

04/08/2026

13:25

320

Големина на фонт

а а а

ММА борецот Алан Насименто починал ненадејно, на 34-годишна возраст, објави официјално УФЦ, шокирајќи ги фановите на боречките спортови.

Бразилецот починал во сон, односно лекарите само ја констатирале неговата смрт откако биле повикани од најблиските во неговиот дом.

Насименто беше дел од УФЦ од 2021 година, а последниот настап му беше во јуни, кога загуби на поени од Мич Рапосо.

Во УФЦ неговиот ефект беше 4-2, додека општо во професионалната ММА кариера има 22 победи и 7 порази.

Бразилецот работеше под водство на тренерот Диего Лима, а им беше спаринг партнер и на многу други успешни борци, вклучувајќи го Чарлс Оливеира, кој се прости од својот пријател преку социјалните мрежи.