Премиерлигашот Арсенал ќе го добие потписот на капитенот на Њукасл Бруно Гимараеш што е јасен показател дека „топчиите“ со огромни амбиции ќе ја дочекаат натпреварувачката 2026/2027.
Бруно за сума од 75 милиони фунти ќе слета на „Емирејтс“, трансфер со кој Арсенал добие еден проверен, квалитет играч, репрезентативец на Бразил, фудбалер со кој средината на теренот ќе биде уште посилна.
Меѓутоа со овој трансфер ќе се зголеми и конкуренцијата, па за Џејми Карагер ова ќе значи крај за Мартин Зубименди кој минатото лето пристигна во северен Лондон.
- Мислам дека е интересно бидејќи кога гледам што се обидуваат да направат Арсенал ова лето, мислам дека станува збор за „повторно ќе ја освоиме лигата и ќе се бориме за Лигата на шампионите“. Изгледа како да се обидуваат да доминираат. Бруно речиси се чувствува како број 1 за навивачите на Њукасл кога ќе помислите на сите засилувања што ги донесе Еди Хау. Се чувствуваше како тој да беше оној што навистина ги влечеше срцата на навивачите на Њукасл.
- Бев повеќе за Тонали отколку Бруно, мислев дека има поголема брзина и може да се движи низ теренот. Го гледав Бруно и не бев сосема сигурен, мислам дека е добар играч, но си помислив, може ли да трча? Често добиваше фаулови и многу ја забавуваше играта. Сепак, тој постигнува важни голови и е добар играч. Ќе биде интересно да се види како Микел Артета сега ќе го користи тој среден ред. Дали Бруно ќе ја има главната улога, дали Рајс и понатаму ќе биде играч од „бокс до бокс“. Сè уште не сум 100% убеден во која улога Рајс е подобар, - вели Џејми кој продолжи да говори за Зубименди.
- Дали мислите дека е крај за Зубименди таму? Во однос на тоа да биде она што требаше да биде кога беше донесен. Требаше да дојде и да биде контролор. Не гледам дека некогаш ќе го врати тоа место сега, - порача некогашниот англиски репрезентативец.








