Ѓоковиќ среде море им го зел телефонот на фановите и направил потег што го освои интернетот: „Уште еднаш покажа зошто си многу повеќе од еден од најголемите тенисери“

Точка

05/08/2026

21:00

973

Големина на фонт

а а а

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ деновите за одмор ги минува во Црна Гора, каде што ги полни батериите во пресрет на продолжението на сезоната и настапот на претстојната американска турнеја.

Ѓоковиќ престојува со семејството во луксузниот комплекс „Portonovi“, а слободното време го користи за возење со глисер и обиколка на помирните делови на Бококоторскиот Залив.

Иако се обидел да најде место далеку од гужвата и љубопитните погледи, ниту на море не успеал да го избегне вниманието. Група луѓе од блискиот чамец го препознала еден од најдобрите тенисери на сите времиња, по што следувал потег што целосно ги воодушевил.

Имено, Ѓоковиќ го запрел глисерот, им се приближил на нивниот чамец, го зел телефонот и лично направил заедничко селфи со фановите.

Една од жените која се фотографирала со Ѓоковиќ подоцна на социјалните мрежи ги сподели своите впечатоци од кратката средба.


„Некои луѓе освојуваат трофеи, а некои срца. Новак успеа и во едното и во другото. Ти благодарам што застана, одвои миг за нас и уште еднаш покажа зошто си многу повеќе од еден од најголемите тенисери на сите времиња“, напиша таа.

Додаде дека токму таа фотографија ќе ѝ остане еден од најдрагите спомени.

„Ова не е само најубавото селфи што го имам. Ова е спомен што ќе го чувам засекогаш. Твојата човечност и насмевка вредат подеднакво како и сите твои спортски успеси“, порача таа.

По одморот во Црна Гора, Ѓоковиќ ќе ги продолжи подготовките за турнирите на американската турнеја, чија кулминација ќе биде настапот на последниот Гренд слем на сезоната, УС Опен.