РБ Лајпциг не крие дека преговара со Реал Мадрид за Јан Диоманде, но барем засега младиот крилен напаѓач нема добиено зелено светло за посакуваниот трансфер во редовите на шпанскиот великан.
Раководството на бундеслигашот викендов официјално го потврди статусот на Диоманде, односно фактот дека ништо не е договорено со Реал, а во меѓувреме денеска претстави сериозно засилување за својот тим.
„Биковите“ го ангажираа норвешкиот голман Орјан Ниланд, кој фактички се враќа во клубот каде настапуваше во сезоната 2022/23/
Ниланд имаше одлични настапи на последното светско првенство и е еден од најзаслужните за пласманот во четвртфиналето на скандинавската селекција, а РБ Лајпциг се чини си обезбеди долгорочно квалитетно засилување за важната позиција.
Во претходната единствена сезона како член на бундеслигашот, Ниланд освои трофеј во германскиот куп, по што се пресели во Севилја.






