[ВИДЕО] Собарка во „ол-инклузив“ хотел снимила бизарна сцена во соба: Коментарите на социјалните мрежи не престануваат

Точка

31/07/2026

19:42

613

Големина на фонт

а а а

Неверојатна сцена се случила во еден хотел во Констанца, Романија, каде што гости со „ол инклузив“ аранжман однеле во својата соба неколку килограми сувомесни производи од шведската маса.

Собарките забележале огромна количина храна на чиниите што гостите ги понеле, па ги презеле и ги измериле. Резултатот бил изненадувачки – во собата биле однесени дури 2,6 килограми сувомесни производи.

Од хотелот порачаа дека проблемот не е во тоа што гостите зеле храна, бидејќи платиле „ол инклузив“ услуга, туку што намирниците оставени на топло брзо се расипуваат и можат да предизвикаат труење со храна.

На социјалните мрежи се појавија бројни коментари.


„Да понесеш еден сендвич или кроасан – во ред, но не три килограми. Тоа е доволно да јадеш дома цела недела“, напишал еден корисник на Инстаграм.

Друг коментирал: „За цена од седум милиони (стари) леи за едно ноќевање, можеш да земеш колку што сакаш“.

Трет додал: „Кога едно јадење чини 100 леи, не е ни чудо што луѓето земаат салама и паризер“.

Сепак, многумина се пошегуваа на сметка на количината храна што туристите ја понеле, оценувајќи дека станува збор за алчност и недостаток на култура.