Оглас за работа во Хрватска, објавен во една фејсбук-група за вработување, им го привлече вниманието на корисниците на оваа социјална мрежа.
Работодавец бара келнерка за целогодишна работа во Сплит, а токму невообичаено директниот тон на огласот привлече внимание.
Во огласот се наведува дека не се бара личност која „само ќе ја одработи смената“, туку кандидатката мора да го види гостинот пред мобилниот телефон. Авторот на огласот додава дека „повелете“ и насмевката се составен дел од работата, а не дополнителна опрема.

Се додава дека се бара кандидатка со искуство која знае да работи со гости, да преземе одговорност и да создаде пријатна атмосфера.
Од кандидатките се бара во пријавата да го наведат своето искуство и очекуваната плата. Во огласот е истакнато дека можат да се јават исклучиво сериозни лица.






