Зидан најави каков фудбал ќе игра Франција под негово водство: Јас бев „десетка“ и знам кој стил ме раздвижува

Дерби

28/07/2026

14:33

181

Големина на фонт

а а а

Зинедин Зидан денеска ја дочека прес-конференцијата за која долго мечтаеше и беше официјално назначен за нова француски селектор, проект во кој тој ќе биди лидер на националниот тим во наредните четири години.

Претседателот Филип Диало посочи дека Зизу добива голема одговорност да продолжи по патот кој го трасираше Дидие Дешамп и сите имаат големи очекувања од новиот селектор, кој на пресот не го криеше огромното задоволство што конечно го презима националноот тим.

– Ова е продолжување на мојата приказна со Франција, а на некој начин и остварување на сонот. Откако престанав да работам пред пет години, добивав понуди од голем број европски клубови, а сите ги одбив порадид француската репрезентација. Тоа беше единственото искуство кое го сакав после етапата во Реал Мадрид.

– Француската репрезентација ја запонав како дете, почнав од најниските категории и ги минав сите генерации. Најсилната репрезентација беше мојот врв како играч, а сега се враќам како селектор и моја единствена цел е да му помогнам на тимот да продолжи да победува. Последните четири или пет години го чекав овој ден, возбуден сум и мотивиран, – изјави Зидан, кој на пресот беше запрашан и за стилот на игра кој ќе го негува Франција под негово водство.

– Стилот на игра набрзо ќе го видите сами, а ќе зборувам подетално за него на следната прес-конференција. Мене ме раздвижува играта, јас бев „десетка“ и секогаш ме раздвижувале добра игра и постигнати голови. Минав 25 години во Шпанија и сите знаете што значи тоа во денешно време. На теренот бев лидер на тимот, а сега сакам да бидам лидер на репрезентацијата благодарение на искуството. Ја користам оваа прилика за да му честитам на Дешамп за сето она што го направи за селекијата. Сега почнува нова етапа со нов стручен штаб и ќе ја вложам цела моја енергија да продолжам по патот на победите. Имам голем избор на играч и извонреден тим во наследство, на играчите ќе им ги објаснам моите иде на првиот состанок. Едвај чекам да почнам да работам со нив, – изјави Зидан.

Зизу првата прозивка како француски селектор ќе ја има во месец септември, а негов прв тест ќе биде Турција како дел од предизвиците во Лигата на нации.