Старт на една нова ера: Зидан стави крај на долгиот пост и ја дочека одговорноста за која чекаше пет години

Дерби

28/07/2026

12:44

220

Големина на фонт

а а а

Франција означи крај на еден незаборавен циклус на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, бидејќи последниот натпревар против Англија знаечеше одјава на Дидие Дешамп, човекот кој донесе многу радости за „триколорите“ во изминатите години.

По цели 14 години во репрезентацијата, Дешамп го отстапи своето селекторско место и остави простор за помлади колеги, а како што се очекуваше, неговата позиција и официјално ја зазема Зинедин Зидан.

Зизу денеска беше претставен на официјална прес-конференција од која дел беше и првиот човек на Федерацијата, Филип Диало, а токму претседателот го имаше првиот збор на презентацијата која означи еден нов старт во францускиот фудбал.

– Чест и задоволство ми е што можам да објавам дека Зинедин Зидан е новиот селектор на француската фудаблска репрезентација за наредните четири години.

– Договорот ги опфаќа натпреварувањата во Лигата на нации, Европското првенство во 2028-ма година, како и Светското првенство во 2030-та година. Договорот стапува на сила на 1-ви август, а Зидан ќе го објави целиот свој стручен штаб на почетокот на месец септември, – изјави Диало.

Зидан беше надвор од тренерските води од 2021-ва година кога ја заврши својата втора етапа во Реал Мадрид, но после големо трпение, конечно дочека шанса да го наследи Дешамп и да биде нов лидер на најсилниот француски тим.