На 19 јули беше спуштена завесата на 23. Светско фудбалско првенство кое се одржа во три земји Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада.
Меѓутоа дури денеска беше избран, официјализиран најубавиот гол на турнирот кој беше посебен поради повеќе причини. Најатрактивниот гол на мундијалот е дело на Сидни Лопес Кабрал, репрезентативецот на Зеленортските Острови кој испорача ремек дело во соочувањето со Аргентина.
Се играше 103 минута кога Кабрал со мајсторија ја смети топката во мрежата на Мартинез и ја шокираше Аргентина во тие моменти за 2-2. На крајот Зеленортските Острови загубија со 3-2 и беа елиминирани, но нивниот настап на турнирот засекогаш ќе биде запаметен како и ова признание на Кабрал.
Тој ја доби битката со Елдора Шомуродов од Узбекистан и Вилсон Исидор од Хаити и на тој начин влезе во одбрано друштво во кое се Макси Родригез, Диего Форлан, Хамес Родригез, Бенжаман Павар и Ришарлисон.







