[ФОТО] Ново правило стапи на сила: Обложувалниците повеќе не се главни спонзори на дресовите во англиската Премиер лига

Точка

28/07/2026

07:27

327

Големина на фонт

а а а

Од сезоната 2026/27 официјално стапи на сила забраната за истакнување на логотипите на обложувалниците на предната страна од дресовите на клубовите од англиската Премиер лига.

За првпат по долга низа години, ниту еден од 20-те премиерлигашки клубови на своите натпревари нема да го носи главното спонзорско лого на компанија од индустријата за спортско обложување.

Оваа одлука претставува една од најголемите промени во комерцијалното работење на англискиот фудбал во последните години.

Колку големо беше влијанието на обложувалниците најдобро покажува податокот дека во сезоната 2025/26 дури 11 од 20-те клубови во Премиер лигата на предната страна од дресот имаа токму компанија за спортско обложување како главен спонзор.

Со новото правило овој модел на соработка е целосно укинат, со што заврши ерата на доминацијата на обложувалничките компании на дресовите на клубовите од најсилната англиска лига.