Неверојатен Леброн ефект: „Кралот Џејмс“ ја менува цела економија во градот Филаделфија, но и комплетниот НБА распоред!

Дерби

28/07/2026

11:47

222

Големина на фонт

а а а

Пристигнувањето на Леброн Џејмс во Филаделфија одекна како вистинска „бомба“ во НБА лигата и јавноста се уште се извлекуваат заклучоци за потегот кој го повлече „Кралот“, особено поради фактот што прифати да игра кошарка во петтата деценија од животот за најскромен договор во кариерата.

Џејмс ќе добие само 8 милиони долари за две сезони со „сиксерси“, а Филаделфија не само што стана еден од најпопуларните тимови во НБА лигата во овој момент, туку ангажманот на Леброн ја трансформира и економината на цел град, но и плановите на самата лига.

Комесарот Адам Силвер призна дека НБА нема да го финализира распоредот за новата сезона се додека Леброн не избере нов тим, а најновите вести од Америка велат дека Филаделфија сега ќе добие максимален број на натпревари кои ќе бидат пренесувани на национално ниво.

Наместо минималните 14 кои беа предвидени за новата сезона, „сиксерси“ сега ќе добијат максимална популарност и ќе бидат 34 пати пренесувани на национално ниво, што доволно говори за тоа какво влијание предизвикува Леброн во новата средина. Ова значи дека Филаделфија прераснува во тим кој ќе има најголема медиумска експозиција оваа сезона, но и екипа која се очекува да биде во прв план на отворањето на сезоната и за време на традиционалните божиќни натпревари.

Исто така, една студија на „Бојд Компани“ (специјализирана фирма за економска анализа) проценува дека пристигнувањето на Леброн во „сиксерси“ ќе генерира помеѓу 250 и 430 милиони долари за градот во текот на првата година во Филаделфија. Специјализираната компанија објаснува дека потписот од ваква магнитуда има директно влијание врз туризмот, ги полни хотелите и рестораните, ја зголемува продажбата на билетите и го става градот во центарот на вниманието за спортски настани.

Како потврда за оваа студија доаѓа и веста која вели дека Филаделфија енормно ги поскапела билетите по ангажманот на Леброн, бидејќи картите кои минатата сезона изнесуваа 68 долари за првиот меч, сега уште во оваа фаза од летото се продаваат за 283 долари.

Иако има 41 години, Леброн останува голем НБА суперстар кој ги менува тимовите во целост, но истото важи и за градовите, економиите и распоредот во НБА лигата.