Германска легенда која е дел од националниот тим: Играта на Аргентина нема никаква врска со фудбал!

Дерби

28/07/2026

11:22

208

Големина на фонт

а а а

Руди Фелер застана зад изборот на Јирген Клоп како еден од поважните директори во германската Федерација и вчера говореше за тоа дека Јозуа Кимих најверојатно ќе остане капитен и под водство на новиот селектор, но во обраќањето за други германски медиуми, даде свој став и за дефанзивната стабилност која мора да ја воведе поранешниот менаџер на Ливерпул.

Германија ги загуби своите основни вредности во последните десетина години и прва задача ќе биде да се донесе дефанзивна цврстина, но бидејќи многумина ја посочуваат Аргентина како идеален пример за селекција која знае добро да се постави, Руди Фелер гледа на овој пример како целосно погрешна насока.

Германската легенда нема добро мислење за „гаучосите“, бидејќи според него, играта на тимот кој го води Лионел Скалони нема никаква блискост со фудбал.

– Ние сме Германија и треба да изгледаме многу поцврсто и поорганизирано во одбрана. Треба подобро да се браниме, а многу луѓе ја наведоа Аргентина како добар пример. Според мене, Аргентина е лош пример, не знам како тие станаа врвен репер.

– Јас не сакам тим кој игра како Аргентина, тоа нема врска со фудбалот. Да, тие така станаа светски шампиони и сега беа вицешампиони, но да бидам искрен, не ги разбирам пофалбите кои ги добиваат во јавноста, – вели Фелер, кој смета дека Шпанија сосема заслужено станала светски првак.

– Шпанија е тимот кој ги заслужува сите пофалби. Не само поради поседот на топката и нивниот напаѓачки стил, туку и поради нивната одбрана. Тие се добар пример за нас, а исто така многу ми се допадна и Англија предводена од Тухел, – изјави Фелер.