Тифозите на Рома не потфрлија: Топол пречек за 35-милионското засилување во нападот

Дерби

28/07/2026

12:32

151

Големина на фонт

а а а

Рома неколку недели се занимаваше со комплексна операција и не успеа да го убеди Кришенсио Самервил да заврши во италијанската престолнина, но затоа успеа во намерата експресно да го договори Сантијаго Кастро.

Младиот аргентински напаѓач остави одлична сезона зад себе во Серија А како член на Болоња, а бидејќи станува збор за подвижен фудбалер кој одговара на стандардите кои ги поставува Џан Пјеро Гасперини, тој се очекува да биде големо засилување за „волчицата“.

Всушност, Кастро е прво летно засилување кое го осигурува Рома за новата натпреварувачка сезона, па бидејќи работите конечно се раздвижија во Рим, тифозите покажаа голема страст пред железничката станица.

Кастро пристигна од Болоња со воз и беше топло пречекан од стотици фанови на Рома, кои веруваат дека Кастро може да биде извонреден адут во нападот заедно со Дониел Мален.

Трансферот на Аргентинецот изнесува 35 милиони евра, а Болоња задржува 10 проценти од правата на фудбалерот за идна продажба.