Министерството за локална самоуправа дава донација од 50.000 литри вода за пиење на жителите на Општина Гостивар, во вонредна акција за надминување на кризата со водоснабдувањето.
Министерството за локална самоуправа
во рамки на координираниот институционален одговор на кризата со водоснабдувањето, итно обезбеди донација од 50.000 литри вода за пиење за жителите на Општина Гостивар.

Денеска во Гостивар пристигна првиот од двата предвидени камиони со првите количини бесплатна вода. Испораката има за цел директно да ги задоволи основните потреби на населението додека траат мерките и препораките на надлежните служби.
Министерството останува во постојана координација со сите релевантни институции и внимателно ја следи состојбата на терен.
„Во моменти кога граѓаните се соочуваат со сериозни предизвици реагираме брзо, одговорно и солидарно. Со оваа донација даваме конкретен придонес во надминувањето на состојбата и испраќаме јасна порака: институциите се рамо до рамо со граѓаните секогаш кога тоа е потребно“, изјави министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ.

Со оваа брза и конкретна акција, Министерството за локална самоуправа уште еднаш ја потврдува својата улога на сигурен партнер на сите општини – подготвено, навремено и одлучно да реагира преку институционална поддршка и директен ангажман во надминување на сите вонредни предизвици.











