Кривична против 34-годишен Германец, изминатиот викенд нападнал полицаец во Штип

Макфакс

22/07/2026

17:20

167

Големина на фонт

а а а

СВР Штип поднесе кривична пријава против 34-годишен Германец поради напад врз полициски службеник за време на извршување на службени задачи во Штип.

СВР Штип поднесе кривична пријава против К.Л.(34) од Германија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работа од безбедноста“. МВР извести дека во саботата, на 18.07.2026 година,  на улицата Гоце Делчев во Штип, пријавениот физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија.