Прилепската полиција уапси 52-годишник оти предизвикал пожар во кој изгорела сува трева на голема површина

Макфакс

22/07/2026

17:30

158

Големина на фонт

а а а

Прилепската полиција уапси човек на возраст од 52 години поради сомнение дека предизвикал пожар во кој изгорела сува трева на голема површина, а против него ќе биде поднесена пријава.

Синоќа прилепската полиција го уапси 52-годишниот (Г.Ц.) од селото Чепигово, прилепско, поради сомнение дека предизвикал пожар на отворено во кој изгорела сува трева на голема површина. МВР извести дека по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.