Васоски жали за златната шанса која ја пропушти Велиновски: Во Европа се плаќа цената со испаѓање

Дерби

17/07/2026

12:00

327

Големина на фонт

а а а

Силекс покажа дека може да се надигрува со посилни европски ривали и сосема достоинствено се прикажа во првото квалификациско коло во Конференциската лига, но за жал не успеа да излезе како победник во драматичниот пенал рулет со Динамо Минск.

Македонскиот претставник својата најголема шанса ја пропушти во регуларниот дел кога Велиновски излезе само пред голот на противникот, но фудбалерот на Силекс не успеа да погоди и така мечот отиде во продолженија.

Нереализираната шанса во вториот дел се покажа како клучен момент и за тренерот Александар Васоски, кој посочи дека во Европа скапо се плаќаат такви нереализирани зицери.

– Натпреварот беше исцрпувачки за сите. Не влеговме како што посакувавме, преовладуваше страв во првите 20-тина минути и несвесно се повлековме иако побарав да нападнеме од првата минута.

– Не сакавме да го браниме голот предност кој го имаме, а голот кој го примивме беше знак за будење. Можеби немавме премногу големи шанси, но онаа на Велиновски беше шанса на мечот кога излезе сам пред голот.

– Во Европа се плаќа цената за такви шанси, ако не искористите голема шанса, на крајот испаѓате. Фудбалот е суров и мора да се помириме со елиминацијата, – изјави Васоски.