Начо нема дилеми кој ќе биде најголемо засилување за Реал: Мурињо доби играчиште

Дерби

28/07/2026

11:19

285

Големина на фонт

а а а

Начо е доволно важна и компетентна личност за да говори за сите актуелности кои се случуваат во Реал Мадрид, не само пораади неговото минато во шпанската престолнина, туку и поради фактот што како младинец ги познава сите вредности на клубот.

Легендарниот стопер освои шест титули во Лигата на шампионите со Реал Мадрид и се задржа 13 години во првиот тим на Реал Мадрид, а како човек кој деби доби од Жозе Мурињо, во интервјуто за „АС“ не крие дека чувствува посебна конекција со португалскиот стручњак.

Начо го испофали Жозе и нагласи дека Португалецот е вистинскиот човек да го извади Реал на вистински пат по две сезони без освоен трофеј, но силно верува дека во тоа ќе му помогнат и големите засилувања кои веќе се доведоа, но и за оние кои се зборува.

Како дефанзивец, Начо сепак реши посебно да се фокусира на едно летно засилување, а тоа е шпанскиот репрезентативец, Марк Кукурелја.

– Реал и Мурињо добија играчиште. Кукурелја е огромно засилување за тимот, носи максимален интензитет, 100 проценти посветеност и борба на секој дел од теренот.

– Тој ги поседува сите предиспозиции за да игра за Реал Маддрид, сметам дека ќе дојде многу добро за тимот во оваа фаза од реконструкцијата. Му ја посакувам цела среќа на светот во Реал, сигурен сум дека ќе продолжи да ги остварува своите соништа и во белиот дрес на Реал. Навистина му ја посакувам цела среќа на светот, – вели Начо.