Имало и фер-плеј во дуелот на омразените ривали: Англиски стартер му посака среќа на Меси за финалето со Шпанија

Дерби

17/07/2026

11:48

387

Големина на фонт

а а а

Марк Геи беше единствениот играч од одбраната кој го одигра натпреварот од првата до последната минутат против Аргентина, па иако водеше беспоштедна битка со „гаучосите“, играчот на Манчестер Сити е еден од оние кои покажаа како треба да се однесуваат професионалци во болен пораз.

За разлика од низа провокации и препукавања кои беа евидентни на теренот и по крајот на натпреварот, Геи покажа дека може да има и фер-плеј во дуелот на омразените ривали, а тоа е добар пример за сите останати од двата фудбалски табори.

Додека Ромеро славеше во лице на англиските фудбалери, Белингам му маваше заушки на Валентин Барко, Геи остави добар пример за цела спортска јавност, а тоа било снимено и од телевизиските камери.

Имено, Геи прекинал едно од интервјуата на аргентинскиот капитен, Лео Меси, со јасна причина да му посака среќа за големото финале со Шпанија.

– Ти посакувам среќа за финалето, – му порачува Геи на Меси на поминување, по што Лео возврати.

– Ти благодарам, се гледаме.