ВМРО-ДПМНЕ преку Биљана Кузманоска информира за Оперативниот план за вработување во 2026 година, во кој е отворен повик за финансиска поддршка за креирање нови работни места, со буџет од 5,4 милиони евра насочен кон микро, мали и средни претпријатија и организации.
„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува и докажува како се работи во интерес на граѓаните, развојот на стопанство и раст на економијата. Се преземаат мерки и се имплементираат политики кои значат вработување на македонските граѓани, зголемување на вработеноста преку мерки за самовработување и отворање на нови работни места“, вели Биљана Кузманоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Во оваа насока Владата донесе Оперативен план за вработување за 2026 година, во чии рамки е отворен и јавниот повик за финансиска „Поддршка за креирање на нови работни места“ во микро, мали и средни претпријатија, во социјални претпријатија, граѓански организации.
Основна цел на мерката е поддршка со вкупен буџет од 332.650.000 денари или околу 5,4 милиони евра и креирање на нови работни места.
Со мерката една компанија може да добие поддршка за вработување на најмногу 5 лица и финансиска поддршка од 800.000 денари до 1.250.000 денари во зависност од целната група и од бројот на одобрени вработувања.
Ова претставува одлична можност за македонските стопанственици кои сакаат да го прошират и развијат сопствениот бизнис, со отворање на нови работни места и со тоа да придонесат за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на македонските граѓани.











