Прегазена жена во Велес со тешки повреди пренесена во болница

Макфакс

15/07/2026

14:20

174

Големина на фонт

а а а

Во Велес вчера е пријавено прегазување на жена која добила тешки повреди и е пренесена во Општа болница. Увид по несреќата извршила полицијата.

Вчера во СВР Велес е пријавено дека во 09:20 часот, на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.И.(41) од село Горно Јаболчиште, општина Чашка, удрило во 76-годишната Љ.Н. од Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Љ.Н., констатирани во Општа болница Велес. По овластување на јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од СВР Велес.