Судијата кој му досуди два пенали на Бразил ќе ја дели правдата на мечот Англија-Аргентина

Дерби

14/07/2026

12:19

200

Големина на фонт

а а а

Светската фудбалска организација (ФИФА) го одреди и судијата кој ќе ја дели правдата на второто полуфинале на Светското првенство, битката меѓу Англија и Аргентина.

Тоа е средба закажана за утре од 21 часот, а главната одговорност на теренот ќе ја има 44-годишниот Исмаил Елфат. Се работи за амрикански судија со марокански корени, човек кој на овој мундијал беше активен на три натпревари, Холандија-Јапонија, Уругвај-Шпанија и Бразил-Норвешка.

На единствениот меч во нокаут фазата то му досуди два пенали на Бразил, ама и тоа не им беше доволно на кариоките да дојдат до позитивен резултат против скандинавците кои на тоа соочување го имаа Халанд кој испорача два гола.

Помошниците се исто од САД, а четврти судија ќе биде Италијанецот, Маурицио Маријани.