Франција против Шпанија е првото полуфинале на Светското првенство, натпревар закажан за вечерва од 21 часот.
„Триколорите“ стигнаа тука без ниту една грешка, шест натпревари, шест победи со тоа што во нокаут фазата досега немаат примено ниту еден гол.
„Црвената фурија“ пак тргна со реми без голови против Зеленортски Острови, но потоа се разбуди и нанижа пет триумфи во кои само еднаш голманот Симон беше матиран и тоа од страна на Белгија.
Французите на хартија на благи фаворити, меѓутоа тоа не мора ништо да значи затоа што токму Шпанеците се оние кои се радуваат на двете последни соочувања на Европското првенство и Лигата на нации.
- Франција е еден од најдобрите тимови тука, во одлична форма, но исто така е и Шпанија. Можеме да ги победиме, го видовме тоа на Европското првенство и во Лигата на нации, - истакна Родри.
- Луис де ла Фуенте воопшто не е променет. Тука почна да гради сè што го гледаме сега, - додава Родри кој не очекува голеада.
- Натпреварите на Светското првенство се поинаква работа; не мислам дека ќе биде ни приближно толку отворено. Франција има одлични напаѓачки квалитети, но би ја истакнал и нивната одбранбена сила. Тие се бранат добро во низок блок, многу се физички настроени, многу агресивни. Ќе мора да ја однесеме играта таму каде што сакаме, - порача капитенот на Шпанците.







