Француски репрезентативец: Јамал може да зборува што сака, ние сакаме одмазда за Европското првенство

Дерби

14/07/2026

11:45

174

Големина на фонт

а а а

Ворен Заир-Емери ја доби првата минутажа на Светското првенство на натпреварот против Мароко, па со самото тоа, Дидие Дешамп му овозможи на 20-годишникот да дебитира на еден мундијал.

Минутажата која ја доби прситигна во доцната фаза од мундијалот и тоа сигурно не е најпријатно сценарио за младата ѕвезда на ПСЖ, но со оглед на силната конкуренција која ја има во средниот ред, Емери реши да не се буни и да се стави на располагање на тимот во било каква функција.

20тината минути против Мароко беа награда за трпеливоста и максималната професионалност на тренинзите, а пред полуфиналето со Шпанија, тој беше фудбалерот кој направи најава во друштво на селекторот Дидие Дешамп.

Заир-Емери се појави на официјалниот прес и говореше за провокативната изјава која ја даде Ламин Јамал, но и за целта која ја имаат тој и неговите соиграчи на денешниот меч во Далас.

– Јамал може да зборува што сака, ние сме Франција и не се плашиме од никој. Ние се концентрираме на самите себе. Секој може да се изрази онака какошто сака, но зборовите не значат ништо на теренот. Се сеќавам дека имаше вакви работи и кога играв против Барселона, но натпреварот не се игра на пресот, или на социјалните мрежи.

– Ние сме поразличен тим од 2024-та година, имаше многу промени во овие две години. Научивме од претходните средби со Шпанија и подготвени сме за тоа што следи. Сакаме да ја победиме Шпанија и да се одмаздиме за поразот на Европското првенство, – изјави Заир-Емери.