Англиската фудбалска легенда Пол Сколс доста често го гледаме во јавноста на островот и тоа преку повеќе емисии, платформи, а најстандарден е во подкастот „The Good, The Bad & The Football“.
Токму тука Сколс испрати порака до актуелниот шампион во Премиер лигата, Арсенал да го отвори ќесето и го доведе Хулијан Алварез во своите редови.
- Ако Атлетико Мадрид сака 100 милиони фунти, секој голем клуб треба да оди и да го земе. Само одете и земете го. Нема ни дебата. Не мислам дека има многу врвни централни напаѓачи. Не го гледам како вистински централен напаѓач, тој е повеќе слободен играч.
- Атлетико Мадрид нема да сака да го продаде на Реал Мадрид или Барселона. Ако е 100 милиони фунти, Елиот Андерсон штотуку отиде за 116 милиони фунти – а Алварез е победнички играч. Какво засилување би било тоа, - вели Сколс.
Аргентинецот е голема желба пред се на Барселона, самиот играч порача дека сака да си замине од Мадрид и да го оствари сонот, но засега „душекџиите“ се цврсти и стојат на ставот дека напаѓачот не е на продажба посочувајќи дека има договор до 2030 година.







