Која е Лајла Хасановиќ, девојката на Јаник Синер и една од најдобро облечените жени во Данска

Точка

12/07/2026

10:21

2.107

Големина на фонт

а а а

Данската манекенка и инфлуенсерка Лајла Хасановиќ деновиве привлече големо внимание откако магазинот „Vogue“ ја вброи меѓу најдобро облечените жени во Скандинавија. Во јавноста е позната и како девојка на еден од најдобрите тенисери на денешницата, Италијанецот Јаник Синер.

Лајла на „Instagram“ има повеќе од половина милион следбеници, а со манекенство почнала да се занимава уште на 12-годишна возраст. Како што раскажала претходно, моден агент ја забележал додека била во шопинг со својата мајка.

„Кога ми пријде скаутот за таленти, бев воодушевена. Модата беше нешто за што отсекогаш сонував“, изјавила таа.

Иако пораснала и целиот живот живее во Данска, Лајла потекнува од Сребреница, а двајцата нејзини родители се од Босна и Херцеговина.

„Не изгледам како типична Босанка. Мислам дека изгледам повеќе скандинавски, иако немам скандинавско потекло. Тоа е малку смешно, бидејќи воопшто не личам на моите родители“, изјавила во една прилика.

Пред врската со Јаник Синер, Лајла беше во љубовна врска со Мик Шумахер, син на легендарниот возач во „Formula 1“, Михаел Шумахер. И самиот Мик настапуваше неколку сезони во „Formula 1“. Според медиумите, Лајла и Мик биле заедно околу три години, а нивната врска завршила во 2025 година.

Набргу потоа се појавија информации дека Лајла започнала врска со Јаник Синер.


Хасановиќ во последните години изгради успешна кариера како модел и креатор на содржини, соработувајќи со бројни модни брендови и фотографи. Својот стил го опишува како минималистички, инспириран од скандинавската естетика, со акцент на едноставни кроеви, неутрални бои и квалитетни модни парчиња.

Вклучувањето на листата на „Vogue“ дополнително го потврди нејзиниот статус како една од највпечатливите млади модни личности во Данска и Скандинавија.