Балде донел конечна одлука за својата иднина, Флик му додели нова „воспитна“: Мора да работи напорно секој ден

Дерби

26/08/2026

14:05

141

Големина на фонт

а а а

Алехандро Балде сосема неочекувано се претоври во мал проблем за Барселона во финишот од летниот преоден рок, бидејќи се отворија сомнежи дека левиот бек размислува за преселба во друг клуб во ситуација кога не му е загарантирано стартното место во тимот на Ханси Флик.

Германецот не им подарува ништо на фудбалерите и за него секој играч треба секој ден да се бори за своето место во тимот, па откако јавно го прозва на крајот на минатата недела, сега новата работна седмица донесе пресврт.

Иако Балде размислуваше за трансфер во Манчестер Јунајтед, дефанзивецот на крајот одлучил да остане во Барселона и да се бори за своето место во тимот, па иако тоа е потег кој го задоволува Германецот, Флик сепак не пропушти да му додели уште една „воспитна“ на денешниот прес.

– Балде останува дел од тимот и тоа е негова одлука. Дали ќе игра на натпреварот против Атлетик Билбао, ќе видиме дури утре. Можам да потврдам дека зборував со него и за мене најважно е тоа што тој останува 100 проценти посветен на клубот.

– Тој има 22 години, многу е млад и има огромен потенцијал. Првата сезона која ја одигра беше фантастична, но може да се подобри и треба да работи на тоа. Секогаш го велам истото, тој доаѓа од Ла Масија и импресивно е да се гледа како еволуираат овие фудбалери од школата. Сепак, за да се напредува, мора да се работи напорно секој ден. Секој ден треба да биде подобар од себе, бидејќи секоја година има тројца или четворица играчи кои доаѓаат од Ла Масија и кои сакаат да бидат на негово место. Таков е животот и таков е фудбалот, мора да работите напорно, мора да бидете максимално посветени и да давате се од себе за да опстоите на едно место, – порача Флик.