Чави Ернандес денеска официјално беше промовиран како холандски селектор, а на прес-конференцијата одговарал на различни прашања на присутните претставници на медиумите.
Новинарите се интересирале за неговите планови, статусот на одредени играчи, амбициите во претстојните натпреварувања, но сакале да бидат сигурни и како точно се изговара неговото име и презиме.
– Моето прво прашање е како е точниот изговор на вашето име и презиме? – праша еден од новинарите.
– Чави Ернандес. Чави како чоколада, – потенцирал новиот холандски селекор со насмевка на лицето, предизвикувајќи смеа кај сите присутни на пресот.







