[ВИДЕО] Сабах со луд пресврт до историски пласман во ЛШ, Ласк направи чудо во Линц

Дерби

26/08/2026

07:17

173

Големина на фонт

а а а

Сабах Баку од Азербејџан и Ласк од Австрија се двата клуба за кои зборува Европа оваа вечер, а причината за тоа се нивните неверојатни партии по кои стигнаа до билети за групната фаза на Лигата на шампионите.

Сабах е клуб кој е формиран во 2017 година, а за нешто помалку од една деценија успеа да дојде до главната фаза на ЛШ. Тимот од Баку во плејоф рундата беше подобар од Хапоел Бер Шева, состав кој во претходната рунда и пресуди на Црвена Звезда.

Имено Сабах го загуби првиот меч со 2-1, вечерва пак на свој терен губеше со 1-0 и 2-1, ама покажа карактер, се враќаше и со гол во 94 минута се избори за славје од 3-2 и дополнителни 30 минути во кои погоди уште двапати за славје од 5-2.

Чудо направи и Ласк кој се соочи со Селтик, шампионот на Шкотска од кого на негов терен загуби со 3-0, а денеска прими и гол во 21 минута што значеше дека има 4-0 севкупен резултат.

Сепак мора да се игра до крај, па австрискиот прволигаш се избори за 1-1 по првиот дел за да во вторите 45 минути даде уште три гола за 4-1 и продолженија, фаза во која стрелаше Адениран и го одведе клубот во елитното натпреварување.

Таму ќе биде и Бодо Глимт кој оствари втора победа над НЕК од Холандија, овојпат од 3-0.