Кристијано Роналдо објави фотографија и се обиде да ги замолчи критичарите: Не се откажува од својата теорија

Точка

11/07/2026

10:52

1.698

Големина на фонт

а а а

Иако неговата Португалија го заврши настапот на Светското првенство во САД со пораз од Шпанија во осминафиналето (1:0), Кристијано Роналдо не престанува да го привлекува вниманието на светската јавност.

Четириесет и едногодишниот фудбалски ас очигледно тешко се помирува со фактот дека неговата кариера се приближува кон крајот без највредниот трофеј – светската титула.

Во петокот вечерта, токму во моментите кога Шпанија и Белгија го играа драматичниот четвртфинален натпревар на Мундијалот, Роналдо направи потег што многумина го протолкуваа како порака до своите критичари. На своите профили на социјалните мрежи објави фотографија на која гордо го држи пехарот од Европското првенство освоен во 2016 година.

„Победа вредна милиони!“, напиша Португалецот, испраќајќи јасна порака дека утехата по новиот неуспех на Светското првенство ја пронаоѓа во своите поранешни успеси.

Одговор до критичарите

Ова беше директен одговор на Роналдо до критичарите, кои жестоко го нападнаа по уште едно скромно издание во нокаут-фазата на Светското првенство.

Да потсетиме, Португалија во САД контроверзно ја елиминираше Хрватска во осминафиналето, а потоа беше запрена од „Црвената фурија“.

Со тоа, Роналдо уште еднаш ја потврди статистиката што често се споменува – дека низ својата кариера не успеал да остави посилен белег во клучните нокаут-натпревари на Светските првенства, каде што само еднаш стигнал до полуфинале.

Теоријата на Роналдо: Европската титула вреди колку и светската

Сепак, легендарниот напаѓач има своја, прилично радикална теорија, со која се обидува да ја изедначи вредноста на европската и светската титула.

„Кога се разбудив утрово, мислите ми беа чисти, а така е и сега. Го давав максимумот во сите овие години. Освоив три трофеи со репрезентацијата. Пред Кристијано, Португалија немаше ниту еден. Среќен сум поради тоа. Најважниот трофеј за мене е оној од Европското првенство во 2016 година. За мене тој вреди исто како да сум го освоил Светското првенство. Утре е нов ден, продолжуваме понатаму“, порача легендарниот фудбалер.

Промени во репрезентацијата на Португалија

Додека Роналдо ги водеше своите битки на социјалните мрежи, во таборот на Португалија се случија значајни промени.

Раководството на Фудбалската федерација му врачи отказ на Роберто Мартинез, а за нов селектор го назначи искусниот Жорже Жезуш.

Станува збор за тренер кој одлично го познава Роналдо, бидејќи пред неколку месеци, како тренер на „Al Nassr“, му помогна конечно да ја освои својата прва историска шампионска титула во Саудиска Арабија.

Жезуш веќе најави дека Роналдо повеќе нема да има статус на недопирлив играч и дека ќе настапува само доколку тоа биде во интерес на тимот.

Дали објавите на Кристијано Роналдо и неговото постојано навраќање на старите успеси ќе влијаат врз плановите на новиот селектор, ќе стане јасно веќе во следните репрезентативни акции.