[ВИДЕО] „Вие не си ги знаете сопствените правила“: Ѓоковиќ бесен на организаторите на Вимблдон, им одржа лекција која ги остави без зборови среде преносот во живо

Точка

08/07/2026

11:24

2.839

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ му одржа лекција на Вимблдон поради недоследноста. Навистина е неверојатно што тоа му го направи токму на турнирот кој е најгорд на сопствената традиција.

По епскиот спектакл, тој успеа со 3:2, по пет часа и 15 минути игра, да го скрши отпорот на Феликс Оже-Алијасим, но хаосот започна уште меѓу вториот и третиот сет.


Организаторите прерано одлучија да ги вклучат рефлекторите и да го затворат покривот, со што драматично ги променија условите за игра.

„Минатиот пат не сакавте да го затворите покривот пред 20:30 часот, а сега сакате. Не сакате да чекате до 20:30? Сега е 19:40. Можеме да одиграме уште цел сет на отворено. Ние сме турнир што се игра на отворено“, ѝ порача Новак на супервизорката.

Таа неразбирливо му одговори, свесна дека има право, по што тој продолжи:

„Не ме интересира што се случило на мечот на Јаник! Јас зборувам за нашиот меч. Се сеќавате дека во првото коло не го затворивте покривот до 20:20 часот. А сега сакате да го затворите во 19:40. Каде е тука доследноста!? Толку сте горди на своите правила, а не се придржувате до нив. Вие воопшто не знаете кои се правилата!“

И Феликс беше против затворањето на покривот, но организаторите сакаа да спречат подоцнежен прекин на сетот. Како и да е, двајцата тенисери беа бесни.